Зошто сме поразлични од другите?

Вашиот успех е наша одговорност

Останати членови на групацијата

Hotel Alexandar Square Hotel Alexandar II Big Box Royal House Swarovski

За нас

Зголемете ја Вашата конкурентска предност, донесете ја вистинската одлука!

ЗОШТО ДА НЕ ОДБЕРЕТЕ?

Караорман АД Скопје веќе 73 години е синоним за посветеност, искуство, доверба и квалитет. Нудиме комплетно решение за непрекинат и брз развој на Вашиот бизнис и компанија, а нашиот професионален тим е секогаш спремен да излезе во пресрет на Вашите потреби. Сето ова не прави стабилен и доверлив партнер ориентиран кон долгорочна соработка.

Спремни сме на сите потенцијални домашни и странски клиенти да им понудиме палета на услуги во доменот на: складирање на царинска и оцаринета стока, манипулација на роба, царинско застапување, изнајмување на магацински и канцелариски простор и како новитет, транспорт и логистика на Вашите пратки.

Нашата цел е да Вие во нас го препознаете Вашиот иден деловен партнер од доверба и лојалност кој секогаш ќе знае да ги излезе во пресрет на Вашите очекувања и потреби преку обезбедување на квалитетна и навремена услуга.

Со својата перфектна локација, во центарот на индустриската зона Маџари, како и со одличната инфраструктура и пристапноста кон главните патни зони кон и вон градот и двата железнички индустриски колосека во должина од 800m со две скретници, КАРАОРМАН АД Ви нуди лесен пристап кон републиката и светот.

Со КАРАОРМАН АД раководи тим од искусни менаџери и 50 професионални квалификувани вработени за што покажуваат и долгогодишните успешни резултати.

Нудиме квалитет, едноставни решенија и тим кој е спремен секогаш да излезе во пресрет на Вашите потреби.

Непрекинато 24 часа обезбедување, мониторинг и видео надзор на целиот комплекс! Контактирајте не.


КАРИЕРА

Караорман АД е во постојана потрага по нови индивидуи кои имаат голема желба за личен развој и работа. Бараме личности кои секогаш се стремат кон подобро, кои живеат за предизвици и кои се сигурни дека можат да работат во една динамична средина. Караорман покажува максимална грижа за сите свои вработени, каде секој има можност за напредок во својата кариера. Сите заинтересирани кандидати може да испратат е-маил на: gordana@karaorman.com.mk

Ние сме Вашиот партнер од доверба на кого можете да му верувате

Услуги

Со нашите услуги сте чекор поблиску до успехот

Царинско застапување

КАРАОРМАН АД Ви нуди застапување во царинските постапки. Царинско застапување на правни и физички лица во сите царински постапки:

- Увозно царинење;
- Извозно царинење;
- Подготвување на транзитни документи;
- Ставање на стока во постапка на царинско складирање.

На Ваше располагање ќе имате тим од искусни лиценцирани царински декларанти од кои секогаш ќе можете да побарате стручно мислење и кои ќе се погрижат за квалитетно и навремено завршување на царинските формалности.

Контакт:
Татјана Маженковска-Трајанова
072278437, 071256301
tatjana@karaorman.com.mk

Индустриски експлозиви

АД Караорман – Скопје е фирма која се занимава со набавка и промет на експлозив и експлозивни материи уште од 1947година.
Низ годините соработуваме со многу меѓународно признати фирми надвор од нашата земја кои се занимаваат со поизводство на експлозиви и експлозивни материи, меѓу кои “ Видекс” Р.Бугарија; “Еловица” Р.Бугарија; “Екстрако” Р.Грција; “ У.Е.Е” Шпанија и др.
Прометот со експлозиви и експлозивни материи се врши воглавно во рамките на Р.Македонија.
Нашата фирма е снабдувач со експлозив и експлозивни материи на најголемите потрошувачи од оваа област во Македонија.
Меѓу нашите долгогодишни соработници се: АД Тајмиште - Кичево, Саса - М.Каменица, Пелагонија - Гостивар, МИ СА - Скопје, Мермерен комбинат - Прилеп и многу други.

За сите подетални информации и идна соработка Ви стоиме на располагање.

Контакт:
Димче Павлов
071/276-198

Складирање

КАРАОРМАН АД Ви нуди складирање на царинска и домашна стока по нај поволни услови!

КАРАОРМАН АД располага со отворен и затворен складиштен простор. Одобренијата од надлежни институции за: складирање на храна во атмосферски услови, санитарни производи, лекови и некои типови на АДР стока го прават Караорман АД Ваш вистински избор.

Царинско складирање
Вкупен простор на јавните царински складишта кои КАРАОРМАН АД нуди:
- Затворен складишен простор: 10.000m2
- Отворен складишен простор: 15.000m2

Складираната стока може да се стави во постапка на:
- Привремено чување на стоката до 20 дена;
- Царинско складирање.
Јавниот царински склад на Караорман АД има одобренија за овластен примач и за овластен испраќач, што значи поедноставено завршување на транзитна и отпочнување на транзитна постапка 365 дена во годината од 08 до 20ч.

Контактирајте не за подетални информации околу условите и можностите за складирање.

Контакт:
Делчо Лазаров
070/273-892
Јулија Спасевска
071/234-303
jcs@karaorman.com.mk

Слободни магацини и деловни канцеларии

Деловен простор за изнајмување

Успехот со нас Ви е загарантиран!

Контакт

Караорман

Телефон: 02/2551-212, 2551-235
Факс: 02/2551-644


Складирање

Делчо Лазаров
070/273-892

Јулија Спасевска
071/234-303
jcs@karaorman.com.mk

Царинско застапување

Татјана Маженковска-Трајанова
072278437, 071256301
tatjana@karaorman.com.mk

Индустриски експлозиви

Димче Павлов
071/276-198

Изнајмување

Гордана Константакос
072/210022
gordana@karaorman.com.mk


Транспорт

Татјана Маженковска-Трајанова
071/256-301
tatjana@karaorman.com.mk

За било какви прашања, слободно контактирајте не.

Барање понуда за транспорт