Зошто сме поразлични од другите?

Вашиот успех е наша одговорност

Останати членови на групацијата

Royal House Big Box Swarovski Black Red White Hotel Alexandar Square

За нас

Зголемете ја Вашата конкурентска предност, донесете ја вистинската одлука!

ЗОШТО ДА НЕ ОДБЕРЕТЕ?

Караорман АД Скопје веќе 68 години е синоним за посветеност, искуство, доверба и квалитет. Нудиме комплетно решение за непрекинат и брз развој на Вашиот бизнис и компанија, а нашиот професионален тим е секогаш спремен да излезе во пресрет на Вашите потреби. Сето ова не прави стабилен и доверлив партнер ориентиран кон долгорочна соработка.

Спремни сме на сите потенцијални домашни и странски клиенти да им понудиме палета на услуги во доменот на: складирање на царинска и оцаринета стока, манипулација на роба, царинско застапување, изнајмување на магацински и канцелариски простор и како новитет, транспорт и логистика на Вашите пратки.

Нашата цел е да Вие во нас го препознаете Вашиот иден деловен партнер од доверба и лојалност кој секогаш ќе знае да ги излезе во пресрет на Вашите очекувања и потреби преку обезбедување на квалитетна и навремена услуга.

Со својата перфектна локација, во центарот на индустриската зона Маџари, како и со одличната инфраструктура и пристапноста кон главните патни зони кон и вон градот и двата железнички индустриски колосека во должина од 800m со две скретници, КАРАОРМАН АД Ви нуди лесен пристап кон републиката и светот.

Со КАРАОРМАН АД раководи тим од искусни менаџери и 50 професионални квалификувани вработени за што покажуваат и долгогодишните успешни резултати.

Нудиме квалитет, едноставни решенија и тим кој е спремен секогаш да излезе во пресрет на Вашите потреби.

Непрекинато 24 часа обезбедување, мониторинг и видео надзор на целиот комплекс! Контактирајте не.

Ние сме Вашиот партнер од доверба на кого можете да му верувате

Услуги

Со нашите услуги сте чекор поблиску до успехот

Царинско застапување

КАРАОРМАН АД Ви нуди застапување во царинските постапки. Царинско застапување на правни и физички лица во сите царински постапки:

- Увозно царинење;
- Извозно царинење;
- Подготвување на транзитни документи;
- Ставање на стока во постапка на царинско складирање.

На Ваше располагање ќе имате тим од искусни лиценцирани царински декларанти од кои секогаш ќе можете да побарате стручно мислење и кои ќе се погрижат за квалитетно и навремено завршување на царинските формалности.

Контакт:
Момир Бабамов
070248824
mome@karaorman.com.mk

Веселинка Мишковска-Недевска
070/205-892
vesna@karaorman.com.mk

Складирање

КАРАОРМАН АД Ви нуди складирање на царинска и домашна стока по нај поволни услови!

КАРАОРМАН АД располага со отворен и затворен складиштен простор. Одобренијата од надлежни институции за: складирање на храна во атмосферски услови, санитарни производи, лекови и некои типови на АДР стока го прават Караорман АД Ваш вистински избор.

Царинско складирање
Вкупен простор на јавните царински складишта кои КАРАОРМАН АД нуди:
- Затворен складишен простор: 10.000m2
- Отворен складишен простор: 15.000m2

Складираната стока може да се стави во постапка на:
- Привремено чување на стоката до 20 дена;
- Царинско складирање.
Јавниот царински склад на Караорман АД има одобренија за овластен примач и за овластен испраќач, што значи поедноставено завршување на транзитна и отпочнување на транзитна постапка 365 дена во годината од 08 до 20ч.

Контактирајте не за подетални информации околу условите и можностите за складирање.

Контакт:
Делчо Лазаров
070/273-892
Јулија Спасевска
071/234-303
jcs@karaorman.com.mk

Изнајмување

КАРАОРМАН АД нуди најповолни услови и цени за изнајмување на:

- канцелариски простор
- магацински простор

Деловните простории се со површина од 100 м2 до 1.200 м2, на приземје и на спрат (постои можност за поделба на просторот на помали површини под закуп).
Просториите се климатизирани, со сопствен тоалет, можност за wi-fi и телефонски приклучок и со слободен паркинг простор во близина.
Комплексот на Караорман ад има 24 часовно физичко обезбедување, мониторинг и видео надзор.
Деловните простории се наоѓаат во комплекс кој дополнително нуди чување на Вашата роба под царински надзор, царинско застапување, организирање на транспорт и манипулација на роба, со што кај нас ќе ги најдете сите предуслови за Вашите обврски и потреби да бидат завршени на едно место и во најкус можен рок.

За детални информации и слободни простории за изнајмување, Ве молиме не се двоумете да не контактирате.

Контакт:
Гордана Вељановска
072/210022
gordana@karaorman.com.mk

Индустриски експлозиви

АД Караорман – Скопје е фирма која се занимава со набавка и промет на експлозив и експлозивни материи уште од 1947година.
Низ годините соработуваме со многу меѓународно признати фирми надвор од нашата земја кои се занимаваат со поизводство на експлозиви и експлозивни материи, меѓу кои “ Видекс” Р.Бугарија; “Еловица” Р.Бугарија; “Екстрако” Р.Грција; “ У.Е.Е” Шпанија и др.
Прометот со експлозиви и експлозивни материи се врши воглавно во рамките на Р.Македонија.
Нашата фирма е снабдувач со експлозив и експлозивни материи на најголемите потрошувачи од оваа област во Македонија.
Меѓу нашите долгогодишни соработници се: АД Тајмиште - Кичево, Саса - М.Каменица, Пелагонија - Гостивар, МИ СА - Скопје, Мермерен комбинат - Прилеп и многу други.

За сите подетални информации и идна соработка Ви стоиме на располагање.

Контакт:
Димче Павлов
071/276-198

Слободни магацини и деловни канцеларии

Организирање транспорт

Успехот со нас Ви е загарантиран!

Контакт

Телефон 02/2551-212, 2551-235
Факс 02/2551-644
Мобилен 072/210022

За било какви прашања, слободно контактирајте не.

Барање понуда за транспорт